Хрватска го доби својот прв ресторан со две Мишелин ѕвезди
Новиот водич на Мишелин за Хрватска е излезен.
Хрватска од денеска има еден ресторан со две Мишелин ѕвезди и 10 ресторани со една ѕвезда, глобално најзначајниот и најпрепознатлив гастрономски знак.
Агли Амичи од Ровињ е првиот ресторан во Хрватска кој има две Мишелин ѕвезди. Дубравкин пут од Загреб ја доби својата прва ѕвезда, а останатите ресторани кои ги имаа ги задржаа своите ѕвезди.
Рестораните Пелегрини (Шибеник), 360º (Дубровник), Монте (Ровињ), Ноел (Загреб), Бошкинац (Новаља), ЛД ресторан (Корчула), Небо (Риека), Алфред Келер (Мали Лошињ) и Корак (Јаштебарско) успешно ги задржаа своите ѕвезди.