Хрватска ги поддржа Данска и Гренланд


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ

 

Хрватска, која е членка на ЕУ и на НАТО се изјасни – застана зад Данска и Гренланд во судирот со претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Ставот на хрватската влада е дека сојузниците на НАТО треба да се почитуваат едни со други и да го признаат фактот дека Гренланд е дел од Данска. Во овој контекст, изразуваме солидарност со Данска и народот на Гренланд. Не се согласуваме со воведувањето дополнителни царини што би го нарушиле балансот на трговските односи на ЕУ со САД и би го ослабнале трансатлантското партнерство во контекст на бројни глобални предизвици. Се залагаме за унифицирана и координирана европска позиција во случај да се спроведат вакви најави на САД, што ќе се дискутира и на состанокот на претставниците на земјите-членки на ЕУ на амбасадорско ниво во Брисел. Во врска со загриженоста на САД поврзана со безбедноста во арктичкиот регион, во кој е вклучен Гренланд, веруваме дека може да се најде решение преку дијалог што ќе им гарантира безбедност на САД и заштита на територијалниот интегритет на Данска“, изјавија од хрватската влада за „Јутарњи лист“.