Хрватска донира еден милион евра помош за цивилите во Појасот Газа


Владата на Хрватска денеска одлучи да обезбеди дополнителна итна хуманитарна помош за УНИЦЕФ и другите цивили во Појасот Газа во висина од еден милион евра.

УНИЦЕФ обезбедува суштинска поддршка во форма на здравствена заштита на терен, вклучувајќи мобилни клиники кои помагаат во лекувањето на неисхранетоста, психосоцијална поддршка, вода и санитарии, заштита на децата од насилство и експлоатација и парична помош за најранливите семејства. Според апелот на УНИЦЕФ за 2025 година, се проценува дека ќе бидат потребни 716,5 милиони американски долари за да се одговори на растечките потреби на децата и семејствата погодени од конфликтот, се наведува во владината одлука.

Средствата ќе бидат обезбедени со прераспределба во рамките на буџетот на Министерството за надворешни и европски работи за 2025 година и проекциите за 2026 и 2027 година.