Хоспитализирано 16-годишно девојче со тешка клиничка слика од Ковид 19


Фото: Б. Грданоски

На Инфективна клиника е хоспитализирана 16-годишна пациентка од тетовско која има развиено тешка клиничка слика, соопшти  директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, Милена Стевановиќ.

Како што информираше Стевановиќ, девојчето развила тешка ковид-презентација и не се знае дали истата има други хронични проблеми.

Вчера од Министерството за здравство беше соопштено дека на Инфективната клиника почина 17-годишна девојка, која претходно била лекувана во болницата во Битола. Таа имала тешка форма на дијабетес, не била вакцинирана и не била веднаш хоспитализирана. Во Македонија од ковид-19 починаа и 15-годишно девојче и двегодишно дете, кои имале претходни заболувања.