Хорор во Аргентина: Ја користеле ќерката за сатанистички ритуал


Веста за ова злосторство шокираше многумина.

Родителите на тригодишно девојче, прободено со две големи игли во срцето и белите дробови, беа уапсени под сомнение дека ја убиле во сатански ритуал во Аргентина.

Судските експерти ги откриле иглите за време на обдукцијата, откако Маја Валејхос почина во болница од инфекција што ги зафати нејзините витални органи и предизвика срцев удар.

Застрашувачки детали за наодите од обдукцијата се појавија кога властите во северната аргентинска провинција Чако соопштија дека ги истражуваат сите можности, дури не исклучуваат ниту сатански ритуал.

Дваесет годишната мајка на Маја и 19-годишниот очув се обиделе да избегаат од страв од линч, но полицијата ги пронашла  на периферијата на селото во кое живееле.

Обвинителот Кристијан Арана ги потврди сите обвинувања.

„Едната игла беше во контакт со белите дробови и срцето на девојчето, во средината на градите, а другата во тимусот помеѓу градната коска и белите дробови“, откри тој.