Холандија очекува снежна бура – се повикуваат граѓаните да останат дома

Холандија, покрај затоврањето поради корона вирусот, викендов дополнително ќе се затвори поради најавите за недела кога се очекува силен ветар и обилен снег, што е прва таква метеоролошка тревога во последните девет години.
Владата во саботата ги замоли граѓаните да останат дома затоа што метеоролозите издадоа „црвено предупредување“ за целата земја поради ветрот што ќе дува со 90 км/ч, а очекуваат и до 20 см снег, кои можат на места да бидат и во форма на навеви на патишатата, а видливоста ќе биде ограничена.
Сите центри за тестирање на корона вирус ќе бидат затоврени, соопштија здравствените власти. Железничкиот сообраќај е сведен на минимум, а главните супермаркети ја откажаа доставата заклучувајќи дека е преопасно за нивните возачи.
Откажани се и сите професионални фудбалски турнири за недела.
Градските совети одлучија да ги затворат и сите канали со желба да се овозможи лизгање подоцна во следната недела.
Аеродромот „Шипхол“ предупреди дека некои летови може да доцнат.
Предупредувањето за затворање дома е придодадено на постоечките мерки, според кои сите продавници, ресторани, кафулиња и други јавни места не работат, а граѓаните се повикуваат да ги ограничат патувањата со цел сузбивање на корона вирусот.