Хејли за Трамп: САД не може да има претседател кој застанува на страната на убијци

Ривалката на Доналд Трамп во трката за номинација на републиканците за претседател, Ники Хејли, уште еднаш ѓесроко го нападна екс претседателот за разбирањето што го покажува за Владимир Путин, особено сега по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални.
„Пред една недела Доналд Трамп го охрабри Путин да ги нападне земјите на НАТО. Сега, поминаа повеќе од 24 часа откако дознавме за смртта на Алексеј Навални, а Трамп допрва треба да го каже неговото име. Не можеме да имаме претседател кој застанува на страната на убијци кои сакаат да ја уништат Америка“, напиша Хејли на Твитер.
Владимир Зеленски, пак, на самитот на Групата 7 порача дека по смртта на Навални Путин веќе не треба да се смета за легитимен лидер на Русија.
„Путин убива кого сака, било да е тоа опозициски лидер или кој било друг што изгледа како цел“.По убиството на Алексеј Навални, апсурдно е да се смета Путин како наводен легитимен шеф на руска држава“, рече Зеленски.