Харадинај смени заменик-министер преку фејбук

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го смени заминкот-министер на јавна управа Бујар Нерјовај, кој е осуден на шест месеци условно поради злоупотреба на положбата.
Дека одлучил да го смени Нерјовај, Харадинај соопшти на својот Фејсбук профил.
Тој наведе дека Нерјовај го сменил на лично барање и му се заблагодари на досегашната соработка.