Хаосот продолжува; Франција започна голема операција (фото/видео)
Немирите во Нова Каледонија, кои од ден на ден се зголемуваат, продолжија и во неделата, а француските специјални сили започнаа голема операција за враќање на контролата врз патиштата во главниот град Нумеа.
За шест дена, нередите меѓу безбедносните сили и членовите на движењето што се залага за независност на Нова Каледонија резултираа со смрт на шест лица, а францускиот претседател Емануел Макрон за денеска закажа нова седница на Советот за одбрана и национална безбедност.
Макрон на претходната седница на Советот донесе одлука да прогласи вонредна состојба и да испрати дополнителни полициски и жандармерски сили.
„Од почетокот на нередите, уапсени се повеќе од 240 лица. И минатата ноќ беше одбележана со пожари и грабежи“, соопшти полицијата.
#NouvelleCalédonie, les émeutes sont toujours l’histoire de ceux qui n’ont plus rien à perdre, face à ceux qui estiment qu’ils en ont encore trop… pic.twitter.com/OhdsGbmrTs
— 📣Ella Kelian (@EllaKelian) May 18, 2024
Последните информации укажуваат и дека полицијата успеала да отстрани поголем дел од барикадите кои биле поставени во главниот град на Нова Каледонија.
C'est Walking dead #NouvelleCalédonie pic.twitter.com/t0K7WyDt93
— Pierre Sautarel (@FrDesouche) May 19, 2024
„Полициската операција успешно неутрализираше 76 блокади на патиштата, благодарение на внатрешните безбедносни сили. Полицијата ќе ги чува овие места за да спречи повторно поставување на барикади“, изјавија тие.