Хаос во Мјанмар, војската пукаше, загинаа 18 луѓе


Канцеларијата на Обединетите нации во Мјанмар соопшти дека најмалку 18 луѓе се убиени, а повеќе од 30 се повредени во неделата во Мајанмар во жестоки судири на полицијата и војската со демонстрантите против воениот пуч.

Наведуваат дека добиле веродостојни информации дека смртта кај жртвите настапила како резултат на испалување муниција во групата демонстранти во Јангон, Давеј, Мандалај, Мјеико, Баго и во Пококу. Кoристени се и солзавец и гранати.

„Го осудуваме ексалирањето на насислтвото против демонстрантите во Мјанмар и повикуваме војската веднаш да сопре со примена на сила против мирните демонстранти“, рече портпаролката на ОХЦЈР, Равина Шамдасани.

„Меѓународната заедница мора да покаже солидарност со демонстрантите и со сите оние кои бараат враќање на демократијата во Мјанмар“, додаде таа.

Од военото преземање на власта на 1 февруари во Мјанмар се случуваат масовни протести и кампања на граѓанска непослушност која ги поттикна државните службеници да сопрат со работа.

Воената хунта во текот на викендот употреби повеќе сила против масовните демонстрации на кои се бара предавање на власта и пуштање на слобода цивили како челницата Аунг Сан Су Кји.

Полицијата и војниците изминатата недела веќе пукаа со гумени куршуми, солзавец и водени топови на демонстрантите во обид да ја сузбијат граѓанската непослушност, а во изолирани случаи пукаа со вистински куршуми.

Голем број припадници на безбедносните сили повторно се мобилизирани во неделата наутро за да ги растераат демонстрантите кои се собраа во повеќе делови од земјата. Тие одговорија на повикот упатен преку друштвените мрежи и ги преплавија улиците.