Хамaс ослободи 12 тајландски заложници кои не беа дел од договорот
Тајландскиот премиер Срета Тависин изјави дека 12 тајландски државјани кои ги држел Хамас се ослободени.Тој на платформата Х рече дека службениците на амбасадата биле „на пат да ги земат“, но не прецизираше каде се заложниците.
Ослободувањето на тајландските државјани не е дел од договорот меѓу Израел и Хамас постигнат со посредство на Катар.
Ослободувањето на 13 Израелци се уште се чека.
Околу 39 палестински затвореници, 24 жени и 15 тинејџери, ќе бидат ослободени од израелските затвори на Западниот Брег како дел од привремениот договор за прекин на огнот.