Хамнеи: Израел се обиде да ја „собори“ Исламската Република

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека 12-дневната војна што ја започна Израел во јуни со поддршка на САД имала за цел „соборување“ на Исламската Република.
-Пресметките и планот на агресорите беа да го ослабат системот со таргетирање на одредени поединци и клучни институционални центри во Иран, нагласи иранскиот лидер, осврнувајќи се на атентатите на високи офицери и нападите врз државните згради.
Целта на оваа стратегија беше „да се предизвикаат немири и да се поттикне населението да излезе на улиците за да го собори системот“, рече Хамнеи, кој е на власт од 1989 година.