Хакерите и од фотографија можат да ви ги украдат отпечатоците од прстите


Информатичките стручњаци ги предупредија корисниците на интернет повеќе да не поставуваат свои фотографии на социјалните мрежи на кои ги држат двата прста дигнати во знак на победа.

Тие предупредуваат, дека со развојот на технологијата, личните податоци на поединецот може да бидат загрозени доколку фотографијата биде снимена со тој популарен гест.

Според зборовите на службеникот од шангајската компанија „Информејшн секјурити трејд асосиејшн“, Шанг Веј, криминалците може од такви фотографии да ги искористат отисоците од прстите.

Веј нагласува дека такви фотографии не треба да се објавуваат на социјални мрежи доколку снимката е направена поблиску од три метри.

„Криминалците со помош на печатач изработуваат модели на раце и подоцна ги користат при идентификација на отисоците од прстите“, вели Веј.