Гурмански полнети тиквички: Класичен фил збогатен со печени пиперки и колбас – нема да вкусите ништо подобро
Има милион рецепти за полнети тиквички, а ова е најдобриот. Класичниот фил збогатете го со печени пиперки и колбас.
Тиквичките се зеленчук кој одлично се комбинира со други намирници, а можете да ги користите и кога правите чоколадна торта. На трпезите ширум светот најчесто наоѓаме пржени или полнети тиквички, а денес ви носиме рецепт на кој дефинитивно нема да можете да одолеете. Класичниот фил збогатете го со зеленчук, како и со шпански колбас, а одозгора посипете пармезан и презла измешани со маслиново масло.
Состојки:
5 тиквички
1 кромид
2 чешниња лук
1 морков
1 стапче целер
2 печени пиперки
200 гр шпански колбас
350 гр мелено месо
1 китка магдонос
1 конзерва сечкана пелата
1 лажичка италијански зачини
200 гр ориз
1 јајце
Додадете и:
пармезан
трошки од леб
маслиново масло
Подготовка:
Исечете тенко парче по должина од тиквичките, а потоа исечете ги на коцки. Останатите тиквички подмачкајте ги со масло, зачинете ги со сол и бибер, наредете ги на плех и печете во загреана рерна на 180°C околу 35 минути. Морковот, целерот, печената пиперка, кромидот и лукот исечкајте ги на ситни коцки. Во едно тавче пропржете го меленото месо кое сте го зачиниле со сол и бибер, а во друга тава на малку масло пропржете ја колбасот и по 5 минути додајте го сечканиот зеленчук (кромид, целер и морков). Кога зеленчукот малку ќе омекне, додадете лук и италијански зачин и измешајте. Потоа се додаваат сечканите тиквички и печената пиперка, па се прелива пелетот и сето убаво се меша. Додадете го меленото месо, па повторно сè добро измешајте и поклопете, па динстајте околу 20 минути. Потоа добиената смеса префрлете ја во сад и додајте сварен ориз и порција сечкан магдонос. По потреба зачинете уште, па додадете го јајцето. Се добро измешајте. Малку издлабете ги печените тиквички во рерна, па наполнете ги со добиената смеса. Посипете со пармезан, па презла што сте ја измешале со малку масло, па повторно со пармезан. Се пече во рерна на 210°C околу 10 минути.