Група ученици од Њујорк поднесоа тужба против расизам во училиштата


 Група ученици од Њујорк поднесоа тужба со која го обвинуваат најголемиот систем на јавни училишта во САД за расизам при приемот на ученици, фаворизирајќи ги учениците белци.

Тужбата е поднесена пред државниот суд во Менхетн од неколку истакната адвокати за граѓански права. Во тужбата се наведува дека „наместениот систем“ почнува со селекција на децата на возраст од четири години, при што се користат критериуми кои несразмерно се во корист на учениците белци. Поради тоа на учениците припадници на малцинствата .често им се ускратува пристапот до подобрите основни и средни училишта и се пренасочуваат кон полошите училишта, со што се влошуваат веќе постоечките расни разлики.

– Речиси секој аспект на системот за јавно образование во Њујорк дејствува не само да ја поддржи туку и афирмативно да ја репродуцира вештачката расна хиреархија која со векови ги подредува луѓето со темна кожа во САД, се посочува во тужбата