Грција се подготвува за најтешкиот топлотен бран од 80-тите


Грција се подготвува за потенцијално најтешкиот топлотен бран од средината на 80-тите години. Температурите би можеле да се искачат на 44  Целзиусови степени во континентална Грција во следните неколку дена, според билтенот за вонредни состојби издаден од Националната метеоролошка служба (ЕМИ) во четвртокот.

Иако се вели дека топлотниот бран се очекува да достигне врв на почетокот на следната недела, екстремно високите температури ќе продолжат до 6 август, што го прави еден од најтешките регистрирани топлотни бранови од средината на 80-тите.

„Максималните температури во следните три дена ќе се движат на копното од околу 42 до 44 Целзиусови степени, додека на островите и крајбрежните области ќе бидат пониски за 2 до 3 Целзиусови“, соопшти метеоролошката служба, додавајќи дека може да се очекуваат ноќни температури од најмалку 28 Целзиусови степени во повеќето области.