Грција се подготвува за екстремни жештини до 44 степени Целзиусови


 

Грција се подготвува за екстремен топлински бран со температури кои би требало да растат до 44 степени Целзиусови во наредните денови, јавува ДПА.

Грчката метеоролошка служба и Националната цивилна заштита издадоа предупредување денеска, а се очекува жештините да траат до 8 август, што е невообичаено долг период.

Од утре натаму се очекува во текот на ноќта температурата на воздухот да биде над 30 степени, што е особено тешко за човековиот организам со оглед на тоа дека не може да се опорави од жештините.

Страв од пожари

Постои и страв дека пожарите може забрзано да се шират по земјата во која изминатите недели падна малку дожд, поради предвидените силни ветрови.

Грција во минатото страдала од екстремни топлински бранови, но се очекува временските прилики во деновите што доаѓаат да ги надминат претходните нивоа.

Во 1987 година дури 4.000 луѓе починаа од сличен топлотен удар, кога климатизациските уреди сѐ  уште не беа вообичаени. Особено настрадаа постарите луѓе во градовите.

Големи делови од полуостровот Пелопонез спалени се во 2007 година, во текот на уште еден топлотен удар и силни ветришта. Починаа десетици граѓани.