Грција ќе ги тестира туристите по случаен избор
Планот на владата за туризмот не се менува, веројатно во четврток Министерството за здравство и Генералниот секретаријат за цивилна заштита ќе излезат со соопштенија за тестовите – колку, кога, каде, како ќе се прават, како и за зајакнување на здравствените структури во земјата, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, објаснувајќи дека станува збор за комплетен план за заштита на туризмот од веројатни “увезени случаи”, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што веќе беше и официјално соопштено, во Грција тестот за туристите нема да биде задолжителен, туку ќе се прават тестови по случаен избор.
Откако вчера во Грција беа објавени 97 нови случаи на Ковид-19, што се однесуваа на четири дена, Пецас рече дека всушност тоа се случаи фокусирани во регионот на градот Ксанти и 30 кај патници кои од странство пристигнале во земјата, за кои истакна дека поголемиот дел биле Грци кои се вратиле и “нема поврзаност со турситичките бранови”.
Портпаролот на грчката Влада објасни дека земјата останува на планот за постепено отворање на границите, почнувајќи од 15 јуни.
-Сега се подготвуваме за следниот голем чекор што е отворање на сезонските објекти и портите на земјата за нејзините посетители. Од 15 јуни ќе ги пречекаме туристите од аеродромите што се на листата на Европската организација за безбедност во воздухопловството и се со низок епидемилошки товар. Истиот ден, освен на аеродромот во Атина, одново започнуваат летови и кон аеродромот “Македониа” во Солун, додека пак на 1 јули се отвораат сите аеродроми во нашата земја, рече Пецас.
Паралелно повтори дека безбедноста на сите, како на туристичките работници, така и на локалното население на туристичките дестинации и на посетителите, “претставува основен владин приоритет”, но и истакна уште еднаш дека ова лето нема да биде исто како ланското.
Пецас порача дека земјата има уште чекори да направи на патот до “новата нормалност”.
-Да не се опуштиме, бидејќи ако се опуштиме, ќе го платиме тоа. Еден месец по карантинот, епидемиолшката слика на земјата останува добра. Но, тоа не не успкојува. Не завршивме со коронавирусоит. Нашето внимание, со ист интензитет го насочуваме како кон внатрешноста, така и кон надвор, истакна Пецас.
Грција ќе ги интензивира контролите и ако е неопходно ќе преземе дополнителни мерки на локално ниво
За последните епидемиолошки податоци во земјата, откако за четири дена беа регистрирани 97нови случаи,м како и за подготовката и организирањето во пресрет на летото, станало збор на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежите министри и претставници на здравствените организации, јави дописничката на МИА од Атина.
На состанокот, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, била истакната потребата за строго спроведување на мерките, а ќе се интензивираат и контролите, а доколку е неопходно ќе се преземат и дополнителни мерки на локално ниво.