Грција кандидат за непостојана членка на Советот за безбедност


Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетрити, следната недела ќе престојува  во посета на Њујорк, за да присуствува на гласањето на кое Грција е кандидат за  непостојана земја членка на Советот за безбедност на ОН за периодот 2025-2026 година.

Шефот на дипломатијата на Грција, во рамки на патувањето во Њујорк , освен што ќе присуствува на процесот за избор на Грција во Советот за безбедност, ќе има средби со своите колеги од Данска, Пакистан, Сомалија и Панама. Станува збор за земји кои се исто така  кандидати за непостојани позиции во Советот за безбедност  и ќе бидат избрани, бидејќи земјите кандидати по број се еднакви со позициите што треба да бидат пополнети.

Герапетритис ќе се сретне и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со кого меѓу другото се очекува да разговараат и за учеството на Грција во Советот за безбедност, како и за напредокот остварен од претставникот на генералниот секретар за Кипар.