Граѓаните на Србија одат на „дизел туризам“ во Македонија и во БиХ за поевтино гориво


(Фото принтскрин Гугл мапс)

Граѓаните на Србија кои живеат во близина на границата одлучуваат да заминат во Босна и Херцеговина и во Северна Македонија затоа што, според нивните зборови, тоа им се исплаќа повеќе“.

Цените некаде се и двојно поевтини, а има и примери на белграѓани кои ја минуваат границата за време на викендот за да ги наполнат резервоарите.

Литар дизел и бензин во Србија поскапе за речиси 15 динари (7,8 денари) изминатите пет месеци. Од Здружението на нафтени компании велат дека давачките за дизелот се убедливо највисоки во регионот, а за течен гас дека се највисоки во цела Европа, пишува Нова.рс.

Цената на литар бензин во Србија е 159,69 динари (83,6 денари) , а на евродизелот 156,38 динари (82 денари). Компаративно набљудувано, во просек е поскап во однос на регионот за 40-50 динари, пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз.

Од ноември до април, цената на бензините и на дизелот во Србија се зголеми во просек за 10 проценти, што е сериозен удар за буџетите на граѓаните. Некои од нив, кои живеат во близина на границата на соседните земји, честопати ја преминуваат границата со цел што е можно поевтино да ги наполнат резервоарите. Најчесто, луѓето одат во Босна и Херцеговина и во Северна Македонија, бидејќи таму цените се најприфатливи.

Граѓаните кои живеат во близина на границата со Босна и Херцеговина често одат по гориво, а според нив тоа им се исплаќа. Земјоделец од Бадовинац, кој полни гориво за својот автомобил и тракторот, вели дека често оди во близина на Бјелина, бидејќи цените се „небо и земја во однос на Србија“.

„Приближно, еден литар дизел чини 108 динари (56,65 денари), а кога ќе ги погледнете овдешните 156 динари (81,82 денари), разликата е забележлива“, вели жителот на Бадовинац.

На прашањето дали се исплати секој ден да ја преминува границата, вели дека тоа е несомнено.

Како може да не се исплаќа? Тракторите трошат многу повеќе гориво, а кога ќе пресметате дека разликата помеѓу горивото во Србија и Босна е околу 50 динари, помножете го тоа за 20 литри и ќе добиете околу 1.000 динари. Она што би го платил 2.000 динари во Србија, го плаќам 1.000 динари во Босна. Ние трошиме помеѓу пет и 10 литри за тракторите секој ден, па вие пресметајте. На секои два литра во Србија, тука го добивам третиот бесплатен “, вели тој.

Жителот на Бадовинци вели дека не се само тие кои одат на овој „дизел туризам“, туку дека доаѓаат граѓани од Шабац, Рума, но и од Белград.

„Има и граѓани кои доаѓаат тука од Белград, доаѓаат за викенд, го полнат резервоарот и се враќаат“, заклучува овој човек кој живее на границата со Босна и Херцеговина.

Граѓаните на Србија кои живеат на југ исто така одат преку границата за да ги наполнат резервоарите. Ситуацијата е практично иста како и на границата со Босна и Херцеговина, бидејќи цената на дизелот е околу 110 динари (57,7 денари), или нешто помалку од едно евро.

Меѓу граѓаните на Врање има и такви кои редовно одат на места во близина на Куманово, во Северна Македонија, за да наполнат гориво.

„Одиме неколку пати неделно. Што да правам кога е поевтино. Кога ќе погледнете, заштедувам 40 динари (20,9 денари) за еден литар дизел, тоа не е мала сума пари “, вели жител на Врање.

Тој вели дека е околу 50 километри до Куманово, но дека сепак се исплаќа да се оди таму.

„Имате неколку пумпи штом ќе ја преминете границата и верувајте ми, сите одат таму. Се чини дека можеби немаме сметка да одиме толку често таму, но всушност, дури и со тие 50 километри пат, ние сме во плус“, рече тој.