Градските автобуси за Богојавление по неделен возен ред


Фото: Б. Грданоски

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека во понеделник, 19 јануари 2026 година, поради верскиот празник Богојавление – Водици, јавниот превоз во главниот град ќе функционира по неделен возен ред.

Исклучок од овој режим ќе бидат автобуски линии 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои на празничниот ден ќе сообраќаат според саботен возен ред.

Од ЈСП дополнително соопштуваат дека на Водици, во периодот од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар, додека жичницата нема да биде во функција.

Воедно, од претпријатието потсетуваат дека жичницата не работи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот, согласно редовниот распоред за одржување и работа. објави Скопје1.мк