Големи пожари во руските шуми, некаде не ги гасат, оти трошокот е поголем од штетата


Илјадници луѓе се борат против шумските пожари во Русија, повеќето во источен Сибир.

Во руската република Јакутија, позната како Саха, 196 шумски пожари зафатиле површина од 288.460 хектари – што е поголема површина од Луксембург, објавија властите во саботата.

Во тоа слабо населено подрачје прогласена е вонредна состојба.

Организацијата за заштита на околината Гринпис, прати свои волонтери во подрачјето за да се заштити националниот парк со познатите Ленски водопади, кои се на списокот на Светско наследство на УНЕСКО од 2012 година.

Агенцијата за заштита на шумите објави дека подрачјето на Русија го зафатиле 264 шумски пожари и дека се опожарени 325.526 ха земја.

Повеќе од 4.700 луѓе, стотици возила, 25 авиони и хеликоптери се обидуваат да го изгасат пожарот.

Трошокот за гасење на пожарите е поголем од штетата

Сепак, во многу подрачја сопрено е гасењето затоа што таму не се загрозени човечки животи. Исто така, трошокот за гасење на пожарите е поголем од настанатата штета, наведуваат.

Руската државна телевизија објави снимки од пожарите кои беснеат во бројни шумски подрачја.

Во градот Јакутск се шири чад, објавија властите.

Хеликоптерите МИ-8 распоредени се за гасење пожар во тоа подрачје, рече надлежниот Владимир Иванов.