Голем пожар во комплексот на амбасадата на САД во Багдад по ракетен напад


Нападите со ракети и беспилотни летала врз Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Багдад, Ирак, продолжија денес по серија напади.

Ракети и беспилотни летала ја таргетираа амбасадата на САД во Багдад, додека во близина на комплексот се слушна експлозија, изјавија безбедносни извори за Ројтерс.

Ројтерс објави видео на кое се гледа оган и чад во комплексот на амбасадата по нападот. Нападите ги активираа сирените и системите за воздушна одбрана C-RAM.

Нападот се случува во време кога милициите поддржани од Иран ги засилуваат нападите, а сè уште нема непосредни извештаи за жртви или штети.

Амбасадата на САД во Ирак издаде безбедносно предупредување од четврто ниво за Ирак поради претходните напади на Иран и неговите сојузнички милиции против американски граѓани, интереси и инфраструктура, предупредувајќи дека Иран „може да продолжи да ги таргетира“.