Гледај Европско на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол


Со новата 2022ра, започна листањето на нови резолуции за новогодишни желби, шопинг листи и планови, а со почетокот на истата, започна и финалното одбројување до долгоочекуваното Европско Првенство во ракомет 2022 во Унгарија и Словачка (Men’s EHF EURO 2022).

Од 13ти до 17ти јануари 2022 година, на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол во Скопје, секој фан и љубител на спортот и ракометот, ќе има единствена можност да навива за македонската репрезентација во еуфорична зимска и пријатна атмосфера.

Денес, 13.01.2022 (четврток), во 18:00 часот најверните фанови ќе бидат подготвени да ги бодрат македонските репрезентативци како никогаш досега и да го покажат навивачкиот дух во спортската фан зона пред Ист Гејт Мол.

Вториот натпревар се очекува на 15.01.2022 (сабота), исто во 18:00 часот, а третиот на 17.01.2022 (понеделник) во 20:30 часот.

Првиот месец од годината е исполнет со богата програма за сите посетители во Ист Гејт Мол, каде што навивањето за македонските ракометари е само мал дел од активностите кои што претстојат.