Ѓоковиќ со семејството одмара во Дубровник
По финалето на Вимблдон каде изгуби од Алкараз и не го изедначи рекордот со Федерер за 24 Грен слем титули, српскиот тенисерв Новак Ѓоковиќ замина на летен одмор со семејството во Хрватска, а фоторепортерите на Глориа.хр, го уловија опуштено расположен со синот.
Српскиот тенисер со јахта се закотви во пристаништето на Дубровник, каде го пречека директорот на пристаништето, Жељко Рагуж и му посака добредојде. После тоа, тенисерот замина на обиколка со глисер по дубровничките плажи, а потоа помина семејно попладне дружејќи се со сопругата Јелена и децата Стефан и Тара во водениот парк на плажата Копакабана.