Ѓоковиќ со победа против Циципас го почна турнирот во Торино


Италија- За разлика од Надал и Медведев кои беа поразени во првото коло, Новак Ѓоковиќ победнички тргна.
 
Тој во два сета го победи Циципас, со 6-4 во првиот, во вториот сет се играше тај-брејк кој го доби Србинот со 7-6 (7-4).
 
Во првиот меч од оваа црвена група Рубљов со 2-1 (7-6, 3-6, 7-6) го победи Медведев.
 
Денеска се играат натпреварите од второто коло во зелената група, Надал против Оже-Алиасим и Руд против Фриц.