Ѓоковиќ пред Ролан Гарос ги изненади сите со својата одлука, направи потег кој не го направил од 2017 година


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе учествува на АТП 250 турнирот во Женева, кој започнува в недела, а овој прилично неочекуван потег го направи бидејќи сака дополнително да ја подобри формата пред Ролан Гарос.

Најдобриот светски тенисер ја прифати поканата на организаторите на турнирот и ќе настапи на турнирот од серијата 250 што се одржува од 19 до 25 мај.

Новак вообичаено не се натпреварува на помали АТП турнири во неделата пред некој Грен слем турнир, но оваа година нема освоено ниту еден турнир и неговата форма е далеку од идеална.

Тоа ќе биде првпат по 2017 година и турнирот во Истбурн да игра турнир во неделата пред почетокот на ГС, а Ролан Гарос во Париз почнува на 26 мај.
Во Монте Карло, 36-годишниот Ѓоковиќ не успеа во полуфиналето против Норвежанецот Каспер Руд (АТП:7), а минатата недела во Рим беше елиминиран во третото коло од Чилеанецот Алехандро Табило (АТП:32). .