Ѓоковиќ пак ќе биде прв на АТП листата
Њујорк- Новак Ѓоковиќ ќе се врати на првото место на ранг-листата на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) по гранслем-турнирот САД опен, откако забележа победа во воведното коло на тој турнир на мечот со Французинот Александре Милер со 6-0, 6-2, 6-3.
Ѓоковиќ, кој ќе го смени на врвот бранителот на титулата на САД опен, Карлос Алкараз, и ќе го зголеми рекордот, со 390-та недела на првото место на листата, игра и за зголемување на рекордот со 10-то финале на САД опен, пишува АТП.
Ова ќе биде седма смена на врвот годинава, колку што имаше и во 2018 година, тогаш меѓу Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роже Федерер.
Во второто коло на САД опен, Ѓоковиќ ќе игра со светскиот рекет број 76, Шпанецот Бернабе Запата Миралес, кој во првото коло го победи Итан Квин од САД со 6-4, 6-4, 6-3.
Алкараз на теренот беше на теренот 58 минути и го доби првиот сет со 6-2, додека во вториот водеше со 3-2, но Кепфер реши да се повлече од мечот.
Првиот рекет во светот во второто коло ќе се соочи против Лојд Херис, кој го почна турнирот во Њујорк со победа против Гвидо Пелја со 7-6, 6-4 и 6-4.