Ѓоковиќ од вечерва почнува да ја брани титулата на Ролан Гарос
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва ќе игра против Французинот Пјер-Хјуг Хербер во првото коло на Ролан Гарос.
Овој дуел е планиран во вечерниот дел од програмата на теренот „Филип Шатрије“, а нема да започне пред 20 часот и 15 минути.
Ербер моментално е 142. тенисер во светот, а во кариерата само еднаш играше против Ѓоковиќ и тоа во 2013 година на Мастерсот во Париз. Српскиот тенисер победи со 7:6 (7:3), 6:3.
Ербер доби специјална покана за учество на Отвореното првенство на Франција.
Ѓоковиќ ја брани титулата на Ролан Гарос, откако минатата сезона во финалето го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 7:6 (7:1), 6:3, 7:5.