Ѓоковиќ лесно до четвртфиналето во Париз


Франција– Новак Ѓоковиќ со само пет загубени гејма вчера го совлада рускиот тенисер Карен Качанов и се пласира меѓу осумте најдобри на мастерс турнирот во Париз.  Се очекуваше Качанов да му даде посилен отпор на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер немаше големи проблеми да го помине Русинот.

Првиот сет Новак го доби со 6-4, во вториот славеше со 6-1 и лесно победи со 2-0 во сетови.
 
Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Мусети кој беше подобар од Руд со 2-1 во сетови.
 
Српскиот тенисер во кариерата шест пати го освојуваше Мастерсот во Париз. Годинава ја брани титулата од лани.
 
Мастерсот во Париз се игра за награден фонд од 5,4 милиони евра.