Ѓоковиќ имал две барања, австралиските власти го одбија
Тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој последните три дена се наоѓа во хотелот „Парк“ во Мелбурн откако австралиските власти му забранија влез во земјата оти не е вакциниран имал само две барања.
Најдобриот тенисер на светот во понеделник на судење ќе се обиде да докаже дека неправедно е одбиен за влез во Австралија, иако тамошните закони налагаат сите кои доаѓаат да мора да се вакцинирани против Ковид-19.
На Ѓоковиќ, строго му е забранет контакт со надворешниот свет, а пред собата има и полициска придружба.
Тој побарал само две работи додека престојува во хотелот – неговиот личен готвач да му ги подготвува јадењата и да му се обезбеди тениски терен каде би можел да тренира за да остане во форма.
Австралиските власти ги одбија двете барања, а хотелскиот готвач му подготвува јадења кои Ѓоковиќ ќе ги побара.