Ѓоковиќ игра за финале и нов историски рекорд
Лондон– Новак Ѓоковиќе ќе се судри со Јаник Синер во полуфиналето на овогодинешниот Вимблдон. Србинот и Италијанецот го играат првиот меч на денешната програма, кој стартува околу 14:30 часот.
На оваа пресметка, а и општо на целиот турнир, Ѓоковиќ е апсолутен фаворит. Српскиот тенисер со самиот настап во полуфиналето ќе го одигра својот 46 меч во оваа фаза на Грен слем турнирите, со што ќе се израмни со Роџер Федерер.
Со евентуална победа, Новак ќе влезе во историските книги. Доколку се пласира во финалето, тоа за Ѓоковиќ би било 35. на големите турнири, а така би ја надминал американската тенисерка Крис Еверт и ќе стане апсолутен рекордер.
Овој тениски пар се сретна и на ланскиот Вимблдон, тогаш во четвртфиналето и Ѓоковиќ успеа да се врати од 0-2 до победа, потоа го крена и трофејот.