Ѓоковиќ и Барти први на АТП-листата
Русинот Даниил Медведев е втор без разлика на неговиот резултат против Рафаел Надал во машкото финале на Австралија Опен што се игра в недела
Австралија- Новокрунисаната шампионка на Австралија опен во сингл за жени, Еш Барти, ја задржа својата повеќе од двегодишна контрола на рангирањето број еден, откако ја освои својата трета голема титула со победата во директни сетови над Даниел Колинс во саботата.
Барти, победничка на Отвореното првенство на Франција во 2019 година и на Вимблдон следната година, го зголеми водството во рангирањето во однос на актуелната носителка бр. 2, Арина Сабаленка од Белорусија и Барбра Крајчикова како трета на листата.
Полјачката Ига Свијатек се искачи пет места на четвртото место откако го оствари своето прво големо полуфинале надвор од земјена подлога, додека 28-годишната Колинс скокна за 20 места за првпат да се најде во топ 10 по импресивното трчање до нејзиното прцо Гран- Слем финале.
Поранешниот број 1, Шпанката Гарбине Мугуруза падна за четири места на седмото место по поразот во второто коло на Мелбурн Парк.
Во машката ранг листа, Италијанецот Матео Беретини е единствениот кој се искачи во топ 10, на бр.6, откако првпат се пласираше во полуфиналето на Мелбурн Парк, а Русинот Андреј Рубљев падна на седмото место.

Новак Ѓоковиќ, со 20 гренслем титули, продолжува како број 1 и покрај тоа што го пропушти Австралија опен откако беше депортиран поради неисполнување на строгите правила за вакцинација против Ковид-19 во земјата.
Русинот Даниил Медведев е втор без разлика на неговиот резултат против Рафаел Надал во машкото финале на Австралија Опен што се игра в недела.
Надал, изедначен со Ѓоковиќ и Роџер Федерер со 20 грен слем титули, останува петти, зад Германецот Александар Зверев и Гркот Стефанос Циципас. (АП)