Ѓоковиќ доби противник во првото коло на АО, што ќе биде со ждрепката ако биде депортиран

Ѓоковиќ во четвртокот го дозна противникот, но се уште нема дефинитивна потврда дека ќе игра на првиот Грен слем сезонава


Се чини дека Австралија ја одложи одлуката за депортација на Новак Ѓоковиќ. Додека се очекуваше министерот Алекс Хок да одлучи за неговата судбина и настап на Австралија опен овој четврток, премиерот Скот Морисон во попладневното обраќање до нацијата рече дека се уште размислува. Подоцна во текот на денот протече дека дефинитивно нема да има одлука ниту во четврток.

Ждрепката за главниот турнир беше одржана попладнето со задоцнување од околу еден час, при што во неа беше и името на бранителот на титулата и прв носител Новак Ѓоковиќ, кој во првото коло треба да игра против својот сонародник Миомир Кецмановиќ.
Но, тоа не значи дека Ѓоковиќ дефинитивно ќе игра, бидејќи над неговата судбина се уште виси мечот на Алекс Хок, чиј декрет сепак може да го избрка од земјата пред почетокот на турнирот.

Доколку му се случи најлошото сценарио, Ѓоковиќ автоматски ќе биде дисквалификуван од 1. коло, што многумина присутни на ждрепката ги остави збунети.

„Доколку Ѓоковиќ испадне од ждрепката, неговото место ќе го заземе 5. носител, рускиот тенисер Андреј Рубљев, а наместо Ѓоковиќ во ждрепката на турнирот ќе го стави 33. носител“, пишува 9News.