Гибаницата ѝ го промени животот: „Од тоа развив цел бизнис во Лондон“


Благодарение на познатиот рецепт за гибаница, Спасија Динковски, родена во Краули, Велика Британија, а нејзините родители со потекло од Македонија, отвори сопствен бизнис во Лондон.

Таа во интервју за „The Guardian“ раскажа како „баба ѝ и помогнала да застане на нозе“, односно како почнала да живее од традиционалната балканска храна.

„Гибаницата е причината поради која денес имам работа и книга. Со љубов ја дизајнираше баба ми по мајка, ја пресоздадов и сега преку мојата продавница „Мистик Бурек“ има многу варијации“, рече Спасија на почетокот на нејзиниот разговор и додаде:

„Оригиналниот „рецепт“, ако може така да се нарече (тоа се повеќе белешки во тетратка што ми остана), е сведоштво за вешти раце: исто како и мајка ми и тетките, таа ја чувствува храната меѓу прстите; без мерење, без тајмер – само природно, традиционално готвење. По многу обиди, оваа верзија е најблиску да ја почестам неа и сите жени пред мене“, пишува во интервјуто објавено од „Гардијан“.

„Оваа балканска пита со јајца и сирење има мека средина и крцкава надворешност од тесто. Беше предизвик да ги дешифрирам таканаречените „рецепти“ на баба ми, и иако понекогаш ме идеше да си ја кубам косата, а понекогаш хистерично да се кикотам – планот цело време беше да се осигураме дека никој никогаш нема да го направи истото. Користам тркалезна тава за торта од 25 см, но можете да користите која било големина или форма што ја имате при рака. Само имајте на ум дека ако е потенка, ќе треба помалку печење“.

По интервјуто, таа го сподели и нејзиниот рецепт за гибаница, кој ѝ го „промени животот“.

Состојки:

8 јајца
300 гр обично свежо сирење
сол
120 ml растително масло, плус додатно за подмачкување
200 гр фета, распарчена
500 гр кора за пита

Газирана вода, за прскање

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете 6 јајца во голем сад додека не се запенат, а потоа додадете свежо сирење.
Потоа додадете една лажичка сол, 70 мл масло и фета, па измешајте.
Следни се корите. Извадете ги од пакувањето, ставете ги на даска за сечење или на чиста работна површина, па покријте ги со влажна крпа за да не се исушат.
Останатите две јајца изматете ги со 50 мл масло, па посолете малку. Дното на калапот за колачи од 25 сантиметри намачкајте го со масло и на дното ставете ја кората.
Премачкајте со смесата со јајца и масло, па повторете со уште три кори.
Внимателно изгужвајте ги трите кори за да направите неколку слоја, па наредете ги на плехот. Посипете со газирана вода, па одозгора полијте ги со смесата со јајца и сирење.

Повторете додека не ви останат само три кори – ставете ги на врвот на плехот, премачкајте ги со мешавината од јајца и масло.

Печете 45 минути, потоа извадете и оставете да се излади пет минути.

Напомена: Внимателно извадете ја питата од тавата и ставете ја на четири или пет превртени чаши со еднаква висина, за да испари – така ќе се осигурате дека ќе има крцкаво дно. Оставете да се излади уште 15 минути, па исечете и послужете.