Германските форензичари пристигнуваат утре


Фото: Б. Грданоски

Германските форензичари пристигнуваат утре во Македонија, се дознава од дипломатски извори. 

Тимот се состои од четворица при што двајца се кримтехничари форензичари за истражување на пожари, а другите двајца се кримтехничари форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Во МВР веќе се подготвува соодветна поддршка за заедничкото утврдување на фактите. Германските експерти ќе работат заедно со кримтехничарите на МВР, како поддршка на Оосновното јавно обвинителство при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово.