Германската надворешна политика по Меркел

Следниот германски канцелар би можел да биде Армин Лашет, или пак Маркус Зедер. Каква надворешна политика може да се очекува од едниот, а каква од другиот?
Од сојузниот канцелар се очекува да е искусен во надворешната и во европската политика“. Тоа, новиот претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на покраината Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, го изјави во почетокот на февруари во разговор за агенцијата Ројтерс. На тој начин, тој сакаше да се покаже како некој кој е во предност во однос на својот соперник во борбата за канцеларската кандидатура.
Но, баварскиот премиер и претседател на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Маркус Зедер, брзо возврати. Тој објави дека штотуку разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон 45 минути и оти утврдил дека постојат „големи сличности“ во гледиштата. Во разговорот воден на англиски јазик, меѓу останатото, станало збор и за заеднички проекти во авионскиот сообраќај и за планиран европски борбен авион.
Линк до целиот текст на Дојче Веле тука