Германската министерка за одбрана Крамп-Каренбауер во посета на мировниците во Мали по самоубиствениот бомбашки напад


 Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер го посети полскиот камп на мисијата на ОН во малискиот град Гао, откако во самоубиствен напад беа поврдени германските мировници во оваа западноафриканска земја, јави ДПА.

Портпаролот на Министерството за одбрана денеска за ДПА изјави дека министерката сака да разговара со војниците и да добие слика за реалната ситуација на теренот.

Пред повеќе од една недела, бомбаш-самоубиец со автомобил-бомба нападна германска патрола, на околу 180 километри северно од Гао, притоа ранувајќи 12 германски и еден белгиски војник.

Германските безбедносни служби сметаат дека сторителот можеби бил поддржувач на група поврзана со исламистичката Ал Кае