Германија очекува нов врв на инфекциите да дојде во средината април


Здравствените власти на Германија упатија ново загрижувачко предупредување: инфекциите од корона вирусот повторно може да достигнат врвови забележани околу Божик до средината на април.

Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ предвиде дека бројот на дневно пријавени случаи може да надмине 30.000 во 14-та недела од годината, почнувајќи од 12 април.

„Екстраполацијата на трендовите покажува дека бројот на случаи може да се очекува над божикното ниво од 14-та недела“, рече РКИ во својот извештај за моменталната состојба.