Германија: Америка ни продава гас по астрономски цени

Германскиот министер за стопанство се пожали денеска на „астрономските“ цени кои ги бараат „пријателските“ земји на Германија, како САД, за снабдување со гас место руската испорака.
„Некои земји, дури и пријателски, бараат астрономски цени“, рече Роберт Хабек, во разговор за покраинскиот дневник „Ное оснабрикер цајтунг“ во средата.
„Тоа е проблем“, додава министерот повикувајќи на Европската комисија да „разговара“ со тие земји.
Русија по инвазијата врз Украина прво значително ја намали испораката на гас кон Германија, а во почетокот на септември и ја прекина. Германија пред војната 55 отсто од гасот го увезуваше од Русија.
За да ја обезбеди својата економска сигурност и да ја спаси индустријата која е голем потрошувач на гас, Берлин мораше да ги диверзифицира изворите на снабдување и значително ја зголеми набавката на гас (ЛНГ), чиј увоз е многу поевтин.
Земјата, како и целиот континент, се сврте кон САД, а еврипскиот увоз на ЛНГ скокна меѓу 2021 и 2022 година од 28 на 45 отсто.
Хабек посебно цели на американските добавувачи.
„САД се сврте кон нас кога цената на нафта експлодира. Мислам дека таква солидарност беше корисна и заради амортизација на цените на гасот“, рече министерот.
Берлин воедно ја повикува ЕУ да го координира купувањето на гас за да се намали цената.