Генијален кулинарски трик: Ставете го ова во тавчето кога пржите риба и веќе нема да се залепи на дното
Рибата е многу здрава и хранлива. Може да се подготви на различни начини, а најпопуларен е пржењето во тава.
Само убаво пржената риба може да даде целосно задоволство – и вкус и убав изглед. Како да се постигне ова? Многу лесно.
Најдобро е да се пржи рибата во тава со дебело дно, бидејќи рамномерно се загрева. Ако пржењето е погусто, месото внатре нема да изгори. Но, може да се случи да ви се залепи на дното.
Ова ќе го избегнете ако откако ќе ја загреете тавата истурете масло и потоа посолите (целото дно на тавата). Не претерувајте со количината на сол.
Потоа ставете ја рибата во тавата. Рибата не треба да ја посолувате или само малку да ја зачинете, во зависност од вашиот вкус. Така рибата убаво ќе се испржи, а нема да се залепи на дното и да се распадне.