Генерален штрајк во Западен Брег и Источен Ерусалим


Палестинците во Западен Брег и Источен Ерусалим денеска стапија во генерален штрајк со цел да се осуди израелската агресија врз Појасот Газа и Западен Брег.

Штрајкот во организација на партијата Фатах, ќе влијае на бизнисот, банките и универзитетите и е придружен со повици за „ескалација на конфронтацијата со окупацијата“.

Претходно, палестинското Министерство за здравство објави дека од почетокот на конфликтот загинале најмалку 8.610 луѓе, а повредени се над 23.000 лица.

Паралелно, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху денеска вети дека ќе ја продолжи израелската војна против Хамас и покрај претрпените „болни загуби“ во копнените борби во Појасот Газа.

– Имаме толку многу важни достигнувања, но и болни загуби, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање откако армијата потврди дека најмалку 12 војници загинале во вчерашните копнени борби.

– Ние сме во тешка војна. Тоа ќе биде долга војна. Знаеме дека секој наш војник е цел свет. Целиот народ на Израел ве прегрнува вас, семејствата на загинатите, од дното на нашите срца. Сите сме со вас во вашето време на голема тага, рече Нетанјаху, изразувајќи сочуство до блиските на загинатите војници.

– Нашите војници се вовлечени во неправедна војна, војна за нашиот дом, истакна Нетанјаху. – Ви ветувам граѓани на Израел: ќе ја завршиме работата. Ќе продолжиме до победа, изјави премиерот на Израел.