Гејтс, Бафет, Маск со хакирани Твитер профили


Сметките на Твитер на Бил Гектс, Барак Обама, Џеф Безос, Џо Бајден, Елон Маск и многу други мултимилијардери и лица од висок профил и компании станаа жртви на една од најголемите сабјер измами во историјата на Интернетот.

На нив се појавија пораки во кои се промовира биткоин валутата. Осомничените биткоин измамници ја презеле контролата врз сметките кои им припаѓаат на богатите и славните личности повеќе од два часа во текот на попладневните часови и измамиле барем неколку стотици луѓе да им префрлат криптовалути.

Во едне твит во нападот кој бил испратен од сметката на Бил Гејтс, софтверски магнат кој е второ најбогато лице во светот, им ветува на корисниците дека ќе ги дуплираат сите исплати испратени на неговата биткоин адреса во следните 30 минути.

„Се чувствувам одлично, ќе ја удвојам секоја уплата на мојата биткоин сметка. Вие уплатете ми 1.000 бткоини, а јас вам 2.000. Важи само во наредните 30 минути“, се вели на твитер профилот на Бил Гејтс.

Под оваа порака стоела биткоин шифра за уплата.

Слични твитови се појавија на сметките на раперот Канје Вест, инвеститорот Ворен Бафет и корпорациите вклучувајќи ги „Епл“, „Венди“, „Убер“ и апликацијата за трансфер на пари „Кеш“.

Твитер соопшти дека го разгледува нападот. Инаку, ваквата порака се појавувала неколкупати и била бришана.

„Ние сме свесни за безбедносните инциденти кои влијаат на сметките на Твитер. Истражуваме и преземаме чекори за да го поправиме“, велат од компанијата. „Можеме да потврдиме дека Бил Гејтс не го напишал твитот“, вели за Си-ен-ен претставник на Твитер.

Повеќемина биле измамени, при што регистрирани се над 200 случаи на луѓе кои испраќале пари, дури и до 100.000 американски долари.