(Галерија) Православните верници го слават празникот Голема Богородица


Православните верници во земјава денеска ги наполнија црквите одбележувајќи го големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат кај народот како Голема Богородица.

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.

Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави денес. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата.

Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку христијаните го празнуваат вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. 

Како заштитничка на луѓето, овој ден се одбележува и со хуманитарни акции, како традиционалното дарување крв, што годинава се спроведува по 20 пат. Честитики по повод празникот упатија и претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, и други функционери и политичари.

Нашиот фоторепортер, Борис Грданоски, денеска направи впечатлива фото-сторија која ја прикажува атмосферата во храмовите на МПЦ-ОА.

(Фото Б.Грданоски)