„Галакси С10“ – карактеристики фокусирани на перформанси
Премиум хардверот на серијата „Галакси С10“ е поддржан од софтвер заснован на машинско учење, што им олеснува на корисниците да го искористат максимумот од својот телефон.
Новите можности за споделување на енергијата на батеријата, перформансите со вештачка интелигенција и интелигентната безжична поддршка го прават најновиот премиум уред на „Самсунг“ нивниот најпаметен уред досега. Ги истражуваме некои од начините на кои овие возбудливи иновации ќе го променат начинот на кој корисниците се поврзуваат, ги полнат батериите и функционираат во текот на нивниот ден.
Споделувањето е грижење
Она што „Самсунг галакси С10“ го нуди е неверојатна моќност, во рамки на уредот и надвор од него. Уредите од оваа серија пристигнуваат со врвна технологија која создава нова димензија за напојувањето на други мобилни уреди.
Вграденото поле за полнење на самиот телефон и новата безжична технологија за споделување на енергија им овозможуваат на корисниците да го користат својот телефон за едноставно полнење на уреди – мобилни телефони и гаџети кои поседуваат „Qi” сертификат. На пример, доколку вашите галакси бадс слушалки, или пак галакси актив часовникот имаат многу малку батерија, може да ги наполните со помош на „Галакси С10“. Нема потреба од дополнителни кабли и приклучоци при споделувањето на енергијата, што ја прави оваа функција одлична при итни ситуации кога не можете да пронајдете штекер.
„Галакси С10“ исто така овозможува да го наполните вашиот телефон или други компатибилни уреди симултано, користејќи само еден жичен полнач. Ова е особено корисно кога патувате, бидејќи им овозможува на корисниците да патуваат, оставајќи ги другите полначи и кабли дома.
Поддршката за полнење на паметни телефони, именувана како „Fast Wireless Charging 2.0“, им овозможува на корисниците да ги полнат своите уреди до 33% побргу за разлика од оваа функција кај „Галакси С9“ со користење на новиот самсунг-пад за безжично полнење „Дуо пад“. „Дуо пад“ вклучува и вентилатор за турбо ладење кој ја намалува топлината, овозможувајќи побрзо и побезбедно полнење. Поддршката на „Галакси С10“ за оваа технологија овозможува да поминете помалку време во полнење на уредот, а повеќе време користејќи го, подготвени да го искористите максимумот од вашиот ден.
Персонализирани перформанси
Секој од нас го користи сопствениот паметен телефон на свој начин. Затоа „Самсунг галакси С10“ поседува напреден софтвер со вештачка интелигенција кој ги оптимизира перформансите врз основа на уникатните шаблони на употреба на корисникот.
Интелигентното зголемување на перформансите на паметните телефони автоматски ги приспособува поставките за батеријата, процесорот, работната меморија, па дури и температурата на уредот, за да обезбеди стабилни перформанси. На овој начин, најчесто користените апликации ќе се лансираат побргу, игрите ќе работат беспрекорно, а вашиот телефон ќе работи со полна пареа во моментите кога ви е најпотребен. Сето ова е благодарение на технологијата што континуирано учи и се приспособува базирано врз вашите лични навики, станувајќи поприспособена и покорисна колку што повеќе го користите вашиот телефон.
Уредите од серијата „Галакси С10“, исто така, вклучуваат и режим за адаптација на заштеда на енергија кој ги оптимизира перформансите на батеријата врз основа на употребата на апликациите. Оваа иновативна технологија ги категоризира апликациите во пет групи според тоа колку често се користат и ја регулира потрошувачката на батерија за да ви помогне да добиете најмногу што може од батеријата на вашиот уред.
Поддршка за попаметна безжична конекција
„Галакси С10“, исто така, го претстави и дуото технологии дизајнирани за да стават крај на неквалитетната безжична поврзаност.
Првата технологија, интелигентната безжична поврзаност, им овозможува на уредите беспрекорен премин од „ви-фи“ на „LTE“ мрежи, со цел да обезбеди безбедна и непрекината поврзаност. Користи машинско учење за да препознае кога се наоѓате во затворена локација каде што „ви-фи“ сигналот може да биде нестабилен, како на пример, во лифт и може да покаже кога сте во движење, кога сте во автомобил или пак шетате низ некоја улица. Веднаш штом вашиот „Галакси С10“ ќе регистрира промени како овие, бргу и беспрекорно ќе се префрли на „LTE“-мрежна конекција, а преминот од една на друга конекција е двојно побрз за разлика од претходно.
Интелигентната безжична конекција им помага на корисниците да управуваат со „ви-фи“ мрежи кои може да се ризични и подложни на малициозен софтвер. Технологијата го штити вашиот телефон од потенцијално малициозни ИП-врски однапред и ќе ве предупреди пред да се поврзете. Доколку сакате да пристапите кон поврзување на ризична „ви-фи“ конекција, ќе добиете известување во форма на „pop-up“ со прашање дали сте сигурни дека сакате да се поврзете.
Уредите „Галакси С10“ се, исто така, и првите што нудат можност за поддршка на новата генерација безжична технологија – WiFi 6. Со до 20% поголема брзина од претходниот стандард за безжична конекција, WiFi 6 ги носи симнувањето и прикачувањето содржини на ново повисоко ниво. Поддршката на телефоните за оваа технологија ја отвора вратата кон многу побрзо симнување, овозможувајќи им на корисниците да симнат мултигигабитен филм за само неколку секунди.
На локации каде што има гужва, како аеродроми или пак на концерти, WiFi 6 им овозможува на корисниците да уживаат во четири пати поголема мрежна поврзаност, за разлика од другите корисници кои се наоѓаат на истата локација. И можеби најдоброто од сè, бидејќи троши многу помалку од капацитетот на батеријата за разлика од другите стандарди за безжично поврзување, му овозможува на вашиот телефон да зачува енергија за оние мигови кога ви е најпотребна.
Моќ да направите повеќе
Напомнавме само дел од подобрувањата на перформансите на новите галакси С10-модели, а има уште многу за кои сме навистина возбудени.
Покрај тоа што им овозможува на корисниците беспрекорно да преминат од „ви-фи“ кон „LTE“ поврзаност, „Галакси С10“ овозможува и најголем степен на достапна брзина на „LTE“. Уредите се првите во светот што поддржуваат брзина на симнување податоци до 2.0Gbps – подобрување во споредба со „Галакси С9“, чија брзина на симнување податоци изнесува 0.8Gbps. Ова значи дека корисниците може да емитуваат содржини и да се поврзат најбргу од кога било досега.
Уредите, исто така, поседуваат и 7/8 nm процесор за апликации (AP) од новата генерација кој значително го подобрува перформансот на процесорот (анг. CPU, централна процесорска единица) и на графичкиот процесор (анг. GPU, единица за графичка обработка) – за 29%, односно за 37%, соодветно во споредба со „Галакси С9“. „Галакси С10+“, исто така, е достапен и со 12 ГБ РАМ меморија 5, новина во галакси-серијата, овозможувајќи им на корисниците да искусат навистина непречено работење на повеќе задачи истовремено.
За крај, галакси С10-моделите го поседуваат најголемиот капацитет за зачувување податоци кој досега бил достапен на галакси-уред. Галакси С10+ верзиите со керамичко куќиште имаат неверојатни 1 ТБ вградена меморија, а корисниците дополнително можат да користат и микро СД-мемориска картичка од 512 ГБ, создавајќи вкупно 1.5 ТБ меморија за зачувување податоци! Тоа е доволно меморија за околу 768 филмови, како и сосема доволно за да ставите крај на бришењето стари фотографии, видеа или пак апликации за да создадете простор за зачувување на нови.