Францускиот „Л`Екип“ го избра Ѓоковиќ за најдобар спортист во 2021 година
Франција– Францускиот весник „Л`Екип“ го прогласи првиот светски рекет за најдобар спортист на светот во 2021 година.
Зад Ноле на второто место се најде американскиот пливач Кејлеб Дресел кој се закити со пет златни медали на Олимписките игри во Токио.
Третопласиран во изборот на престижнио француски весник е Словенецот Тадеј Погачар, победникот на велосипедскиот „Тур де Франс“.
Најдобра спортистка на светот е атлетичарката од Јамајка, Елен Томпсон-Хера која на Игрите во Токио освои три златни медали во спринтерските дисциплини 100 метри, 200 метри и штафета 4×100 метри.