Француски онколог тврди: Чадот, а не никотинот, е главниот виновник за рак

Никотинските производи без чад не предизвикуваат рак, изјави еден од најпознатите француски онколози, д-р Давид Кајат.
Како што објасни, никотинот сам по себе не предизвикува рак, бидејќи канцерогените супстанции настануваат при согорување на тутунот.
– Согорувањето што се одвива кај класичните цигари произведува илјадници супстанции, од кои еден процент се канцерогени – вели д-р Кајат и додава:
– Тутунските производи кои функционираат на принцип на загревање, како и вејповите, испорачуваат никотин со значително помалку штетни супстанции во споредба со традиционалните цигари. Затоа, алтернативите треба повеќе да се користат како средство за помош на пушачите да се откажат од пушењето.
Тој, исто така, го критикуваше ставот на Светската здравствена организација (СЗО), која е против стратегијата за намалување на штетата, тврдејќи дека е тешко целосно да се елиминираат ризичните однесувања и навики како што е пушењето и дека стратегијата за намалување на штетата има за цел да ги ублажи нивните последици.
Тој изнесе податок дека повеќе од 64 отсто од пушачите кои заболуваат од рак не се откажуваат од пушењето по поставување на дијагнозата.
– Затоа им препорачувам на оние кои не можат да престанат да пушат, да се обидат да ја намалат штетата предизвикана од пушењето. Тие потенцијално би можеле да го постигнат ова со алтернативни производи што содржат никотин – рече д-р Кајат.
Тој нагласи дека, доколку сите пушачи кои не можат да се откажат од пушење, сфатат дека постојат подобри алтернативни опции од цигарите, и ако сè повеќе од нив ја прифатат таа промена, тогаш постепено ќе ги видиме ефектите од таа промена врз јавното здравје.
Д-р Кајат е раководител на одделот за онкологија во болницата Питие-Салпетриер во Париз. Тој е водечки истражувач во областа на онкологијата и клиничката фармакологија, а досега има објавено повеќе од 500 научни трудови. Исто така, бил претседател на францускиот „Национален институт за рак“ од 2004 до 2006 година.
(Комерцијален текст)