Франција: Излезноста 65 на изборите до 17 часот


 

Излезноста во првиот круг од претседателските избори во Франција била 65 отсто до 17 часот, јави Ројтерс, повикувајќи се на податоци од Министерството за внатрешни работи на земјата.

На претседателските избори пред пет години излезноста до 17 часот беше 69,4 отсто. Гласањето почна во 8 часот и завршува во 19 часот, со што, како што најавуваат француските медиуми, на бирачките места во повеќе градови пружена е можност да се затворат до 20 часот.

Така, меѓу другите во Париз, Марсеј, Лион, Ница, Кан и Монпење, биралиштата ќе бидат затворени во 20 часот.

Првите проекции изборни резултати ќе бидат објавени почнувајќи од 20 часот.