Франција ги суспендира невакцинираните здравствени работници

Здравствените работници во Франција кои не се вакцинирани против коронавирусот, од денеска ќе бидат суспендирани од работа. Околу 300.000 медицински лица се уште не се вакцинирани, а во некои болници може да има недостаток на работна сила поради суспензијата.
Во Франција, вакцинацијата на медицинските работници и работниците во итните служби е задолжителна. Денеска им истекува рокот да примат барем една доза за да не бидат суспендирани.
На суспендираните работници ќе им биде ускратена платата и можноста да дојдат на работа, но ниту еден медицински работник, според одлука на Врховниот суд, не смее да биде отпуштен