(Фото) Во Израел повеќе не мора да се носат маски
Израелците повеќе не мора да носат заштитни маски на отворено, што е уште еден знак дека врвот на епидемијата, по интензивната кампања за вакцинирање во земјата, помина.
На улица, денеска утрово, минувачите беа без маски.
Во затворени простории каде се доаѓа во контакт со лица надвор од домаќинството, потребно е да се носат маски, но стручњаците мислат дека за еден месец и таа обврска може да се укине по падот на бројот заразени со корона вирус во земјата.
Во неделата прв пат по една година повеќето школи беа отворени, а во училниците маските се задолжителни.
Благодарение на кампањата на вакцинирање бројот заразени со Ковид-19 падна. Во моментот потешко боледуваат околу 200 лица, а кон крајот на јануари беа 1.200.
Околу 5,3 милиони жители од вкупно 9 милиони, примија најмалку една доза вакцина „Фајзер/Бионтек“. Близу 5 милиони ги примија двете дози.

Сепак, кампањата на вакцинација стагнира и уште околу 1 милион невакцинирани Израелци се постари од 16 години.
Стручњаците предупредуваат дека земјата уште не успеала да постигне колктивен имунитет.
Отворање на границите
По месеци забрана за патувања и една од набрзите кампањи на вакцинација на светот, Израел сака да пушти туристи во земјата , со доказ дека се вакцинирани од корона вирус.
Тој план треба да се реализира по 23 мај.
Израел речиси потполно се затовори по избивањето на пандемијата, а бидејќи туризмот е важна стопанска гранка, владата полека ги попушта рестрикциите по значителниот напредок во програмата за вакцинирање и падот на бројот на инфекции и потешки случаи со Ковид-19.
Општеството во Израел почна да се отвора и граѓаните кои добија две дози вакцина или оние кои го прележаа Ковид-19 можат да одат во театар, музеј или во хотел.

Некои тврдат дека таквата одлука е дискриминирачка прад оние кои избрале да не се вакцинираат или оние кои не смеат да се вакцинираат од здравствени причини.
Вакцинирање деца
Израал може во мај да почне со вакцинација на децата на возраст од 12 до 15 години, објавија тамошните здравствени власти откако „Фајзер“ и „Бионтек“ објавија дека нивната вакцина против Ковид-19 е 100 отсто делотворна кај таа возраст.
Таа вакцина прва се одобри на западот кон крајот на 2020 година и во други држави се користи за вакцинирање луѓе постари од 16 години.
Студиите во кои се вклучени 1,2 милиони луѓе во Израел, каде повеќе од половина од 9,2 милиони жители примија по две дози од вакцината, покажа дека вакцината е 94 отсто делотворна.
Стопроцентна делотворност
Во средата, две лаборатории објавија дека клиничките истражувања спроведени на 2.260 деца на возраст од 12 до 15 години во САД покажале 100 отсто делотворност.

„Чекаме одобрение од Американската агенција за лекови ФДА“, рече во четвртокот Нашман Ах, израелски координатор за борба против вирусот, за радио Кан.
„За тоа ќе разговараме со нашиот тим за вакцинација. Ќе треба уште неколку недели, месец до два“, додаде тој.
Децата се под помал ризик од тешки облици на Ковид-19, а помладите од 10 години и помалку го шират, па нивното вакцинирање не е приоритет, пишува агенцијата Франс прес.
